Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите на дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во 3:57 часот, вториот во 4:14 часот, а третиот во 6:55 часот.
Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза, кое се наоѓа на десетина километри од Дебар, додека на другиот со јачина од 3,8 степени бил 52 километра југоисточно од Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.