| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: На страната на исламистите се борат над 25.000 странски борци

Рекорден број странски борци од повеќе од половината држави во светот се приклучиле на исламистите претежно во Сирија, Ирак, но сѐ повеќе и во Либија, се наведува во извештајот на ОН.

al bab sirija

Панел-експертите на ОН наведуваат во својот извештај дека повеќе од 25.000 странски борци од повеќе од 100 држави учествуваат во вооружените судири на страна на џихадистите.

– Стапката на приклучување странци меѓу исламистите е најголема во историјата, и тоа најголем дел во Сирија и во Ирак, но тој проблем станува сѐ поизразен и во Либија – велат експертите.

Во извештајот се наведува дека е забележано зголемување од 71 проценти во бројот на странски борци ширум светот меѓу средината на 2014 година и март 2015 година. Голем број странски борци доаѓаат од Тунис, Мароко, Франција и од Русија, но во извештајот се споменуваат и нови „текови“ на џихадисти од Малдиви, Финска, Тринидад и Тобаго, како и од земјите од супсахарска Африка.

Освен во Сирија и во Ирак, голем број странски борци има и во Авганистан (6.500), а потоа и во Јемен, Пакистан, Сомалија и Либија. Експертите повикуваат на ефикасна политика на борба против насилниот екстремизам вклучувајќи и посебно обраќање до младите луѓе.

Тие тврдат дека размената на разузнавачки информации е од клучно значење за борбата против опасноста од странските борци кои се враќаат од боиштата во нивните матични држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top