| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов на средба со македонската заедница во Пустец

ivanov12-702x336

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ја продолжува дводневната официјална посета на Албанија со средба со македонската заедница во општина Пустец и со градоначалникот Едмонд Темелко. Тоа ќе биде прва посета на Пустец на највисоко државно ниво од претседател на Македонија.

Правата на македонската заедница во Албанија беа тема на вчерашната средба на претседателот Иванов со албанскиот претседател Бујар Нишани.

Пред посетата на Пустец, во Тирана е предвидена средба на Иванов со поранешниот албански претседател Бамир Топи.

Иванов вчера имаше средби и со премиерот Еди Рама, претседателот на Собранието, Илир Мета, градоначалникот на Тирана, Љуљзим Баша и со поглаварот на Албанската православна црква, Анастасиј Јунулатос.

Со албанскиот државен врв испратија пораки дека Македонија и Албанија имаат заедничка европска иднина. Добрите пријателски и политички односи, оценија, треба да се пресликаат и во економската соработка, а фокусот на идните активности да биде инфраструктурното поврзување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top