Компанијата „Ханли и парнтери“ ги анализирала визните прописи на сите држави и територии на светот и на основа на тие податоци е составена листа која ја позиционира секоја држава по бројот на другите земји, односно по бројот на местата каде што граѓаните може да патуваат без виза.
Индексот на визата е направен во соработка со Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај која содржи најголема датотека со податоци за патувањата. Земјите се рангирани според бројот на другите земји во кои граќание од првите може да влезат без виза.
Така Финска, Германија, Велика Британија, Шведска и САД имаат пристап во 74 земји без виза и се на врвот на листата. Нивните граѓани може да патуваат во 174 држави без виза.
Второ место делат Канада и Данска со пристап во 173 земји, а на трето место се Белгија, Франција, Јапонија, Ј. Кореја, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија и Шпанија со 172 држави.
Македонија е на 36. место, а пред нас е Србија која има пристап во 107 држави. Хрватите се уште подобро рангирани, на 22. место со Бахамите и Барбадос со по 138 држави. Црна Гора е на 39. место, а Босна и Херцеговина на 42. место.
На последно место е Пакистан, Сомалија, Ирак и Авганистан.
На индексот се наоѓаат 219 држави и територии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



