-Мора крај да се стави на ова лудило. Мораме тоа сите заедно да го направиме. А тоа мора на избори, прво на локални, па на предвремени парламентарни. Со вашиот глас на 24 март, давате или одземате глас на тиранијата на Николам Груевски. Ако некоја победа има посебно значење, тоа е во Центар. Тука живеат луѓе кои не можеш да ги купиш или лажеш. Сите комплекси ги лечеа во Центар, најголемите пари ги украдоа во и преку Центар. Во Центар тепаа студенти, го убија Мартин Нешковски, го уапсија Љубе Бошковски, тепаа пратеници и новинари. Во Центар е Собранието, Владата и седиштето на ДПМНЕ. Тука сме јас, Јани и Андреј. На 24 март ќе се види кој е за Центар, а кој за Казнено-поправен центар- изјави лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски на вечерашниот митинг во Центар.
Тој повика „Да му покажеме дека времето на Груевски заврши“ и додаде:
-Додека фараонот Груевски си подига споменици, народот нема пари за леб. Затоа ајде да го победиме сите заедно.
Ние, рече Црвенковски, немаме два живота па едниот да ни го уништат, немаме ни две држави, а нашата пропаѓа на сите полиња. Нивното оружје, рече е сеењето страв, слободата е забранета, а демократијата е зло што мора да се уништи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.