| четврток, 6 декември 2018 |

Добија милион фунти на лотарија, по вторпат

loto

Брачната двојка од Велика Британија, Дејвид и Кејтлин Лонг, добија по вторпат награда од милион фунти (1.375.738 евра) на лотарија иако шансите за тоа биле еден на 283 милијарди, јави Би-Би-Си.

Тие првпат ја добиле истата сума на националната лотарија во 2013 година, но продолжиле да купуваат лото ливчиња и повторно добиле награда мината недела.

– Едноставно знаев дека еден ден повторно ќе дојде ред на мене – рече Дејвид, возач на камион во пензија.

– Сега тоа се случи и навистина не можеме да поверуваме – додаде тој.

По првата добивка на двојката Лонг целосно им го смени животот. Конечно биле во можност да помогнат на семејството, да купат нов автомобил, но и да се венчаат после 12 години врска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top