Владо Јовановски, Јордан Симонов и Емил Рубен, Софија Куновска се само дел од актерите кои се појавија на кастингот на Раде Шербеџија кој претходно неколку дена престојуваше во Битола, каде што ги разгледуваше можните локации за снимањето на својот најнов филм. Денес во Скопје бираше актери. Главната улога во филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе ја игра самиот Шербеџија, кој воедно и ќе ја режира оваа драмска приказна, која е работена на база на истоимениот драмски текст.
„Ослободувањето на Скопје“, кој ќе се игра на македонски јазик е посветен на една македонска воена тема од 1944 година и во него станува збор за едно семејство од Скопје кое се соочува со тешкотиите кои ги предизвикува војната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура