| четврток, 6 декември 2018 |

Адеми и Ристовски се сретнаа со претставници на „Полио плус“

адеми

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и неговиот заменик, Спиро Ристовски остварија средба со претставниците на граѓанската организација „Полио плус“, на која беа разгледани можностите за унапредување на системскиот пристап во надминувањето на предизвиците на лицата со хендикеп, за време на нивниот образовен процес.

На средбата, како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, биле разгледани низа позитивни практики и искуства на други земји, во делот на инклузија на лицата со хендикеп во сите нивоа на образовниот систем, кои заеднички беа посочени како добра основа за понатамошна надградба на законската легислатива и процесот на образовна инклузија во Република Македонија.

Двете страни изразија подготвеност за интензивирање на соработката во следниот период, особено при изготвувањето на новата Национална стратегија за развој на образованието, кое ќе започне во следниот период, по согледувањето на ефектите од имплементацијата на досегашната стратегија за периодот 2005 – 2015 година, соопшти МОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top