| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепти за брзо лечење на херпес на усните

herpes-blister

Веројатно секој  од нас барем еднаш бил соочен со оваа непријатна појава. Чешање, пецкање, појава на меурчиња и на крајот закоравена рана која пука.

Во главата веднаш си поставуваме прашање: како да се решиме од херпесот?. Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси, така што брзото лечење можеме да го постигнеме со употребата на креми од аптека или со помош на народни средства.

1 .Херпесот може да се излечи со помош на едноставно средство кое го имаме скоро во секое домаќинство, а тоа е сода бикарбона.

Се препорачува да се зоврие 100 мл вода и да се додаде во неа една кафена лажичка сода, да се промеша и да се тргне од ринглата. Во овој раствор да се топи памук и неколку пати дневно да се става на местото.

.Брзо лечење на херпесот може да се постигне и со готварска сол, со аплицирање на мала количина на сол на зафатеното место. Да се повторува неколку пати во текот на денот.

3. Уште еден начин во борбата со херпесот е лушпата од јајцето.

Тенката обвивка-кожичката која се наоѓа на внатрешната страна од лушпата на јајцето е одлично противвоспалително средство. Треба да се одвои од лушпата и да се стави на болното место. Резултатот ќе ве израдува.

4. Сите знаеме за чудесните својства на лукот, кој се користи кај различни болести, така што ни херпесот не е исклучок.

Лукот е природно антивирусно средство. Две чешниња лук истолчени, треба да се измешаат со една лажичка павлака, една лажичка брашно и една лажичка мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпеси.

5. Прополис одлично ја суши и ја дезинфицира раната.

Треба обилно да се мачка местото и тоа неколку пати дневно, а потоа да се намачка заболеното место со крема од камилица или невен за да не се формира кора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top