| четврток, 6 декември 2018 |

Рецепт од манастир: Најјакиот природен антибиотик

Формулата датира од средновековна Европа, од времето кога луѓето биле болни од секакви видови болести и епидемии. Тоникот е всушност антибиотик што убива грам-позитивни и грам-негативни бактерии.

Исто така, има моќна антивирусна и антигливична формула, ја зголемува циркулацијата на крвта во телото,  ја зголемува и циркулацијата на лимфниот проток во сите делови на телото. Ова е одличен лек за кандида.

Овој тоник им помогнал на многу луѓе да се излечат од многу вирусни, бактериски, габични и паразитски болести! Неговата сила никако не треба да се потценува.

Тајната е моќна комбинација на висококвалитетни природни и свежи состојки.

Забелешка:

Можете да носите ракавици за време на подготовката, особено при ракување со лутите пиперки. Бидете внимателни, мирисот е многу силен, а тоа може веднаш да ги стимулира вашите синуси.

Потребни состојки:

*700 мл свеж јаболков оцет (секогаш користете органски)

*¼ чаша ситно сецкан лук

*¼ чаша ситно сецкан кромид

*2 свежи лути пиперки

*Рендан ѓумбир ¼ чаша

*2 лажици рендан рен

*2 лажици куркума во прав и 2 парчиња од корен од куркума

Начин на приготвување:

Промешајте ги сите состојки во сад, освен оцетот. Потоа префрлете ја смесата во тегла. Најдобро е 2/3 теглата да се состои од сувите состојки, а остатокот пополнете го со оцет. Затворете цврсто и протресете.Чувајте го садот на ладно, суво место две недели. Протресувајте по неколкупати на ден, и по 14 дена, преку газа ја прецедувате течноста.

Тоникот не треба да го чуваате во фрижидер, тoј и без тоа ќе трае долго време.

Екстрасовет: Можете да го користите во кујната – помешајте го со малку маслиново масло и користете го како салата или пак како гарнир.

Дозирање:

Не разблажувајте го со вода, тоа ќе го намали ефектот. Земајте по една лажица секој ден за зајакнување на вашиот имунолошки систем, доколку сакате да ја зголемите дозата, треба да имате на ум дека дневниот максимум е една мала чаша.

Ако се борите против сериозна болест или инфекција, земајте по една лажица тоник 5-6 пати на ден. Овој тоник е безбеден за бремените жени и за децата, бидејќи состојките се целосно природни и не содржи никакви токсини.

Извор: nezavisne.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top