Лесно се ситнат педесетките во НБА лигата, а нов член во клубот 50 сезонава е Џејмс Харден, бекот на Хјустон. Тој беше извонреден во победата на ракетите против Сакраменто Кингс со 115-111, а блиску до нов подвиг беше и Демаркус Казнс. Центарот на Кингс оствари трипл-дабл, а до двоен ефект во четири категории му недостасуваа само 4 блокади.
Харден сепак беше поуспешен во шоуто на двајцата кошаркари, а шутираше извонредно за три поени со 8 погодени удари од 9 обиди. Патем Џејмс оствари и 8 скока и 6 асистенции. Казнс на спротивната страна забележа трипл-дабл учинок од 24 поени, 21 скок и 10 асистенции, со 6 блокади.
Феноменални партии баскет ноќеска одиграа и Крис Пол со 41 поен и 17 асистенции во победата на Лос Анџелес клиперс против Портланд од 126-122 и Расел Вестбрук, кој го забележа десеттиот трипл-дабл сезонава со 31 поен, 11 асистенции и 11 скока, но неговата Оклахома претрпе пораз од Далас со 131-135.
Резултати: Шарлот – Детроит 102-78, Орландо – Сан Антонио 91-103, Вашингтон – Филаделфија 106-93, Бостон – Индијана 100-87, Њујорк – Бруклин 98-100, Хјустон – Сакраменто 115-111, Милвоки – Чикаго 95-91, Минесота – Торонто 99-113, Оклахома – Далас 131-135, Јута – Денвер 98-84, Портланд – ЛА Клиперс 122-126, ЛА Лејкерс – Њу орлеанс 92-113.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



