| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународен ден на аутизмот: Не потценувајте ги сомневањата на родителите

Во Ма­ке­до­ни­ја не по­стои офи­ци­ја­лен ре­ги­стар на ли­ца со ау­ти­зам, а по­но­ви­те истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат де­ка тој се ја­ву­ва по­че­сто од Да­у­но­ви­от син­дром, ра­кот кај де­ца­та или од глу­во­ста. По­че­сто се ја­ву­ва кај мом­чи­ња­та откол­ку кај де­вој­чи­ња­та, и тоа за че­ти­ри па­ти

AutismDay2

Ни­ко­гаш не тре­ба да се пот­це­ну­ва­ат сом­не­ва­ња­та на ро­ди­те­ли­те ко­га са­ка­ат да им ука­жат на пе­ди­ја­три­те де­ка не­што не е во ред со нив­но­то де­те, ако им ука­жу­ва­ат де­ка де­те­то не збо­ру­ва, не се од­ѕи­ва на име­то, не го на­со­чу­ва пог­ле­дот кон лу­ѓе­то или об­је­кти­те, сме­та при­ма­ри­ус д-р Ме­ри Бо­шков­ска, пси­хи­ја­тар за де­ца во ПЗУ „Ре-ме­ди­ка“, со ко­ја раз­го­ва­рав­ме за ау­тиз­мот.

Во 2007 го­ди­на ОН го прог­ла­си­ја вто­ри април за Свет­ски ден на ау­тиз­мот и цел­та е бу­де­ње на јав­на­та свест за по­сто­е­ње на ау­тиз­мот и не­го­во ра­но ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње.

Во Ма­ке­до­ни­ја не по­стои офи­ци­ја­лен ре­ги­стар на ли­ца со ау­ти­зам, а по­но­ви­те истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат де­ка тој се ја­ву­ва по­че­сто од Да­у­но­ви­от син­дром, ра­кот кај де­ца­та или од глу­во­ста. По­че­сто се ја­ву­ва кај мом­чи­ња­та откол­ку кај де­вој­чи­ња­та, и тоа за че­ти­ри па­ти.

Неј­зи­на­та пра­кти­ка по­ка­жу­ва де­ка во пос­лед­ни­те две-три го­ди­ни бро­јот на де­ца со ау­ти­зам е зна­чи­тел­но зго­ле­мен.

– На­уч­но не е по­твр­де­но де­ка вак­ци­ни­те го пре­диз­ви­ку­ва­ат ау­тиз­мот и за­се­га не­ма на­уч­на ос­но­ва за та­кво твр­де­ње. Ви­стин­ски­те при­чи­ни за по­ја­ва­та на ау­тиз­мот не се поз­на­ти, но се сме­та де­ка ау­тиз­мот има ге­нет­ска ос­но­ва и си­те истра­жу­ва­ња се­га се на­со­че­ни во тој пра­вец. Ау­тиз­мот прет­ста­ву­ва се­ри­оз­но не­вро­раз­вој­но на­ру­шу­ва­ње кое се ја­ву­ва во те­кот на пр­ви­те три го­ди­ни од жи­во­тот на де­те­то, не мо­же да се из­ле­ку­ва и по­ра­ди тоа се­ко­гаш е под­ло­жен на раз­ни шпе­ку­ла­ции, осо­бе­но за­тоа што не се знае ви­стин­ска­та при­чи­на за на­ру­шу­ва­ње­то – вели д-р Бо­шков­ска.

autizam1

Во Македонија има околу 140 регистрирани деца од аутистичен спектар, но се претпоставува дека се многу повеќе.

Недоволниот степен на знаење, едукација и соодветна обука за наставниците во училиштата за работа со децата со посебни потреби, го отежнува нивното вклучување во наставата. Дел од децата одат во специјални училишта, а дел воопшто не посетуваат настава.

Македонија денеска со низа настани ќе го одбележи 2 април – Светскиот ден за борба против аутизмот. Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ со настан во ТЦ „Капитол мол“. Целта е да се подигне јавната свест во Македонија за лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

По повод Меѓународниот ден, вработените на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ќе му предадат донација на Дневниот центар во скопската населба Железара.

Одделението за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби при Народниот правобранител пак ќе организира тркалезна маса на тема „Состојбата на децата со аутизам и нивниот третман во здравствениот, образовниот и социјалниот систем во Република Макединија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top