| четврток, 6 декември 2018 |

Прием во АМС за бронзениот борач од ЕП во Полска Халил Зубаиров

Агенцијата за млади и спорт денеска организираше прием за Халил Зубаиров, освојувачот на бронзен медал на Европското првенство во борење што се одржа во Полска. Со Зубаиров на свеченоста беа и тренерот Љубиша Пешко, како и претседателот на Македонската боречка федерација, Чедо Николовски.

„Огромно е задоволство кога ќе се забележи голем успех на македонски репрезентативец. Бронзен медал на Европско првенство не потсетува на времето кога во Македонија борењето беше водечки спорт за што говорат и единствените олимписки постигнувања токму од овој спорт. Ова е доказ дека борењето на голема врата се враќа во македонските кругови. Нашите очекувања се од следното натпреварување македонскиот тим да се врати со уште подобри резултати и со остварени олимписки норми. Во тој контекст Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски, морално и логистички ќе ги поддржува настапите на македонските борачи. Веруваме дека на претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро ќе има учесници, а зошто да не и медалисти токму од овој спорт”, изјави директорот на АМС, Марјан Спасески.

Претседателот на Боречката Федерација на Македонија, Чедо Николовски, најави дека борачите имаат големи амбиции во периодот што следи.

„Целта е пласман на едно од првите шест места на претстојното Светско првенство, а со самото тоа и обезбедување на настап за Олимписките Игри. Тоа се реалните очекувања на сите во федерацијата”, рече Николовски.

Тренерот Пешко ги потврди големите планови на репрезентацијата, а крајна цел е настап на ЛОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година.

borenje

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top