Аналитичар на банкарската групација „Голдман и Сакс“ тврди дека истражените резерви на злато, дијаманти и цинк ќе бидат доволни за наредните 20 години. Платина, бакар и никел ќе има за уште 40 години, пренесува „Раша тудеј“.
Во својот извештај аналитичарот за руда и метали, Јуџин Кинг укажува на ниските вредности на металите во земјината кора и многу малку висококвалитетни примероци.
Намалувањето на залихите на благородните метали ќе условат висок раст на цените. Питер Грант од „USA Gold“ тврди дека врвот на производството на злато ќе биде постигнат наскоро.
Количините на ископана руда со години е на исто ниво, а бројот на нови наоѓалишта драматично опаѓа“, укажува Грант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.