Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ добиле забрана за настап во Киев, затоа што претходно настапиле во Крим. Управата на концертната сала „Стерео Плаза“ одлучила да го откаже концертот на Бреговиќ кој бил планиран за 16 мај, пренесува украинското издание на венсикот „Ново време“.
Организаторите се уште не издале службено известување, а медиумите претпоставуваат дека причината за откажување на концертот би можело да биде неговиот неодамнешен настап во Севастопол.
Бреговиќ претходно изјавил дека веќе бил на Крим, дека ја засакал тамошната природа и локалните жители.
Тој во Севастопол го претставил својот албум „Шампањац за цигане“.
– На Балканот секогаш ја чуваствуваме величенственоста која доаѓа од Русија. Се чини дека Западот отсекогаш чувствувал извесна параноја по тој повод. Се надевам дека тоа ќе помине – изјавил Бреговиќ за руските медиуми.
Според неговата оцена „кога странец доаѓа во Русија, уште на аеродромот ја чувствува историјата. Веднаш се чувствуваат Пушкин, Достоевски, Црвенатра армија… Руските девојки не се само едноставно убави туку човек од нив очекува веднаш да седне на клавир и да го отсвират Рахмањинов – објаснил Бреговиќ, пренесува „Руски вјесник“.
На прашањето дали се плаши од санкциите поради настапи на Крим, Бреговиќ одговорил дека му е сеедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.