| четврток, 6 декември 2018 |

Поет-алипинист се качи на покривот на Американската амбасада Париз

21032013182153_poet alpinist na krov na ambasada

Самонаречениот “поет-алпинист’, денес успеал да му се протне на обезбедувањето и да се качи на кровот на американската амбасада во Париз Ерв Куаснон, кој од порано е познат по слични авантури, на телефон изјави дека сака да се сретне со американскиот претседател Барак Обама, за да му ја предаде неговата работна биографија и да разговара со него за мирот, алудирајќи на претстојниот пат на Обама на Блискиот исток

Припадниците на службата за итна интервенција поставија безбедносен кордон околу амбасадата и поставија сигурносна мрежа, поради стравување дека ексцентричниот возач на автобус ви можел да се лизне и да падне од кровот.

За среќа пожарникарите успеаја на време да го тргнат од кровот на амбасадата.

Куаснон, во 2002 година, се најде на насловниците на медиумите, откако успеа да се протне во францускиот парламент во мигот која тогашниот премиер Жан Пјер Рафарен држеше говор, а пред една година успеа да влезе во во добро обезбедуваната зона на француската нуклеарна централа.

Во парламентот, тој успеа на премиерот да му даде спортски трофеј, пред обезбедувањето да го извади надвор.

Куаснон тврди дека на кровот на амбасадата на САД веќе еднаш се качил во 1991 година, за време на Заливската војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top