| четврток, 6 декември 2018 |

Грамофон од Лего коцки (видео)

lego_turntable_00Хајароби, ентузијаст од Кореја кога се работи за Лего коцките, создаде потполно функционален Лего- грамофон. Употребил 2405 парчиња, а делото е наречено „Планетата“. Грамофонот работи на Лего батериски систем и користи Лего М-Мотор, со што само фоно- кертриџот во целата инсталација не е создадена од Лего коцки.

lego-record-player-by-hayarobi-2-620x465На ланската изложба за креации од Лего во Сеул, се цени дека направил исчекор со тоа што презентирал и засилувач и кутии за звучници од Лего коцки. Познавачите на техниката особено му честитале за употребата на лего- тркала како тегови.

lego_turntable_03Додека се очекува Хајароби да произведе и телевизор од Лего, младите ентузијасти- градители од Лего коцки на социјалните мрежи љубоморно коментираат дека популарност Хајароби веројатно ја стекнал заради поседување на грамофонска плоча на Модерн Токинг.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top