Атланта хоукс игра променливо во финишот на регуларниот дел од сезоната, а во идентичен стил е и играта на македонскиот кошаркар кај јастребите Перо Антиќ. Ноќеска шестката на Атланта ги промаши сите 7 удари кон кошто на Детроит, а Хоукс загубија со 10 поени разлика, 95-105.
Поразот нема сериозни последици за јастребите, бидејќи тие веќе го обезбедија првото место во Источната конференција и ќе бидат прв фаворит за пласман во финалето од Истокот на НБА лигата.
На спротивната страна во Западната конференција, Голден стејт вориорс газат немилосрдно и ја забележаа десеттата победа во серија. Овојпат беа подобри од Лос Анџелес клиперс со 110-106. На домаќините од Ел-еј не им помогна ниту импресивната пратија на Блејк Грифин со 40 поени и 12 скока. Стеф Кари со 27 поени и Клеј Томпсон со 25 повторно беа движечката сила на воините за 61. победа сезонава, со што Голден стејт е сигурен како број 1 екипа во плејофот.
Резултати: Детроит – Атланта 105-95, ЛА клиперс – Голден стејт 106-110, Мајами – Сан Антонио 81-95, Бруклин – Индијана 111-106.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Животната приказна на нашиот центар: Антиќ во центарот на вниманието на Евролигата (видео)
-
Забивањето на Антиќ прогласено за потег на колото во АБА лигата (видео)



