Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 10 до 18 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.