| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Турција: Екстремисти држат обвинител во заложништво

592997_turska-01_ff

Членови на турската екстремистичка левичарска организација Револуционерна партија и фронт за народно ослободување (ДХКП-С) денеска киднапираа обвинител во суд во Истанбул, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.

Обвинителот Мехмет Селим Кираз е земен како заложник во врска со делото за убиството на тинејџерот Беркин Елван за време на протестите за паркот Гези во 2013 година.

Според весникот, во зградата на судот се слушаат истрели од огнено оружје.

На социјалните мрежи се појавила и фотографија како едно лице држи вперен пиштол во главата на обвинителот Кираз, а во позадина се гледаат знамиња на забранетата турска организација.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top