| четврток, 6 декември 2018 |

Сексуални факти за Австралија

00026051

Научниците одамна докажаа дека во зима, под јорган, има повеќе активности меѓу мажот и жената. Ниските температури ја зголемуваат интимноста меѓу партнерите и ги зближуваат.

Постојат многу фактори кои влијаат позитивно на машката популација, но што се случува кога климата не дозволува пад на температурите?

Има земји кои од ледено доба не виделе зима и сигурно наскоро нема да видат. Токму ова е причината да побаравме  сексуални факти за Австралија и луѓето кои се покажуваат исклучително активни во кревет, без воопшто да обрнат внимание на смената на годишните времиња.

Еве што треба да знаете за австралијците:

beach-bikini-ladies

Австралиското население најдобро ја прифаќа идејата за тројка со цели 28%, кои веќе го искусиле овој сексуален чин и уште 26% кои го имаат на листата со желби.

Австралиската жена може да освои Оскар за симулирање на оргазам, откако 80% од понежниот пол признава дека задоволувањето останало привидение. Не сме сигурни дали ова е последица на климата или на мажите, но предизвикот е веќе факт!

Оралниот секс не само што не е мит, но е и на главното мени во кревет. 77% од австралиското население признало дека го бара тоа од својот партнер, а 74% од ентузијастите потврдиле дека секогаш го враќаат гестот.

2013113013857975991499060250

Да го разбудите сексуалниот интерес на жената е индивидуална мисија. Во Австралија ќе имате минимални тешкотии, кога ќе дознаете дека жените преферираат искрени и валкани зборови, кажете го она што го мислите и имате шанса за успех од 41.7%. Сексот на отворено не е привидение и најмалку 40% од населението признава дека успеале да се пикнат меѓу грмушки.

maxresdefault

Сексуалните архиви на австралијците се богати, откако една третина од сексуално активното население си разменувале и испраќале фотографии на спротивниот пол, а половина од истите веќе снимале секс видео.

425038-e97cfd74-873c-11e4-afa7-eaffa36269b9

Стани донатор во Австралија

Законите не дозволуваат увоз на замрзнато семе во земјата, туку бараат производителот да дојде на лице место. Од таа причина се појавуваат чудни реклами на интернет, каде различни институции се подготвени да платат по 7.000 долари на донаторот, вклучувајќи ги и неговите трошоци за патувањето и џепарац кои не се влезени во цената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top