Научниците одамна докажаа дека во зима, под јорган, има повеќе активности меѓу мажот и жената. Ниските температури ја зголемуваат интимноста меѓу партнерите и ги зближуваат.
Постојат многу фактори кои влијаат позитивно на машката популација, но што се случува кога климата не дозволува пад на температурите?
Има земји кои од ледено доба не виделе зима и сигурно наскоро нема да видат. Токму ова е причината да побаравме сексуални факти за Австралија и луѓето кои се покажуваат исклучително активни во кревет, без воопшто да обрнат внимание на смената на годишните времиња.
Еве што треба да знаете за австралијците:
Австралиското население најдобро ја прифаќа идејата за тројка со цели 28%, кои веќе го искусиле овој сексуален чин и уште 26% кои го имаат на листата со желби.
Австралиската жена може да освои Оскар за симулирање на оргазам, откако 80% од понежниот пол признава дека задоволувањето останало привидение. Не сме сигурни дали ова е последица на климата или на мажите, но предизвикот е веќе факт!
Оралниот секс не само што не е мит, но е и на главното мени во кревет. 77% од австралиското население признало дека го бара тоа од својот партнер, а 74% од ентузијастите потврдиле дека секогаш го враќаат гестот.
Да го разбудите сексуалниот интерес на жената е индивидуална мисија. Во Австралија ќе имате минимални тешкотии, кога ќе дознаете дека жените преферираат искрени и валкани зборови, кажете го она што го мислите и имате шанса за успех од 41.7%. Сексот на отворено не е привидение и најмалку 40% од населението признава дека успеале да се пикнат меѓу грмушки.
Сексуалните архиви на австралијците се богати, откако една третина од сексуално активното население си разменувале и испраќале фотографии на спротивниот пол, а половина од истите веќе снимале секс видео.
Стани донатор во Австралија
Законите не дозволуваат увоз на замрзнато семе во земјата, туку бараат производителот да дојде на лице место. Од таа причина се појавуваат чудни реклами на интернет, каде различни институции се подготвени да платат по 7.000 долари на донаторот, вклучувајќи ги и неговите трошоци за патувањето и џепарац кои не се влезени во цената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







