Исламисти од терористичката група Боко харам убиле повеќе од 7.300 цивили во Нигерија и соседните држави од почетокот на 2014 година, вклучително 1.000 лица оваа година, соопшти претставник на ОН, пренесува ДПА.
Советот за безбедност на ОН е информиран за хуманитарната ситуација во регионот бидејќи се подготвува предлог резолуција што ќе овозможи мултинационални сили да се борат против екстремистичката група.
Заменик-шефот на одделот на ОН за хуманитарни прашања, Кен-ва Кан, изјави дека во регионите каде што дејствува Боко харам се оштетени над 300 училишта и работат под 40 проценти од здравствените институции.
– Често се соопштува за брутални кршења на човековите права, вклучително сексуално насилство и трговија со деца – истакна тој.
Околу 1,5 милион лица се расселени од мај 2013 година во регионите под контрола на Боко харам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.