| четврток, 6 декември 2018 |

Длабок поклон за малиот херој – фото кое го обиколи светот (ФОТО)

liang-yaoyi-donneur-d-organes

Единаесетгодишниот Лијанг Јаоји од Кина починал по долга и тешка борба со туморот на мозок, но со неговата одлука да ги донира своите органи спасил неколку човечки животи. Докторите му се заблагодарија на трогателен начин – со длабок поклон во тишина.

Болеста му била дијагностицирана на само девет години, а кога станало јасно дека во оваа борба нема да победи, ѝ кажал на својата мајка дека сака да ги подари своите органи на тие на кои им се најпотребни.

– На овој свет постојат многу големи луѓе кои прават многу големи работи и јас би сакал да бидам еден од нив – рекло момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top