| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на Сашко Коцев утре пристигнува во Македонија

коцев

До вчера на телефонска линија за донирање се собрани 71.100 денари или околу 1.150 евра. Со веќе уплатените 1.300 евра, тоа значи дека за две седмици се собрани околу 2.500 евра. Општина Штип апелира и понатаму да се донира, со оглед на тоа што мобилната донаторска линија ќе биде отворена уште неполни две седмици до кога треба да се собере сумата од околу 4.000 евра.

Сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, каде цената на донацијата е 100 денари од повик односно 118 со ДДВ. Но, сите оние кои сакаат да донираат поголема сума, можат средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака, „донација за Сашко Коцев”. Коцев почина во бизарна сообраќајна несреќа, кога товарен камион го прегази при возење во рикверц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top