Новата клиничка болница во Штип е најголемата инвестиција во здравството за Источна Македонија. Од собирот во Штип, премиерот Груевски најави дека нејзината изградба ќе почне во јули и ќе чини 34 милиони евра. Претходно ќе биде објавена втората фаза од тендерот за избор на најповолен изведувач на градежните работи.
-Ќе се протега на површина од 30 000 квадратни метри, ќе биде за цел источен регион и ќе биде за повеќе од 200.000 жители од овој крај – изјави Никола Груевски.
Болницата не е единствената здравствена инврестиција во овој регион. Изминатите две години биле вработени над 100 лекари и медицински персонал, нови возила за Брза помош, реновирани здравствени објекти и нова опрема. Премиерот најави дека за 10 дена ќе биде распишана и концесија за подвижна аптека за Карбинци и Чешиново Облешево. А со намалувањето на цените на околу 4000 лекови , Груевски изјави дека досегашната заштеда е над 36 милиони евра.
– Имаме многу опрема во болниците поради што министерот Тодоров не може да постигне да ја промовира целата – изјави Груевски.
Покрај здравството, премиерот најави и нова патна инфраструктура за источниот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.