Ликовниот уметник доцент м-р Христијан Санев е нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) кој беше избран во саботата на редовнот Собрание. Потпретседател е Владимир Темков и со Санев кои воедно се дел од Управниот Одбор, во чиј состав членови се и Дејан Иванов, Тони Чатлески и Петра Јовановска.
За претседател на уметничкиот совет избран е Ибрахим Беди, а останати членови на составот се: Данчо Ордев, Наташа Милованчев, Ангел Димовски-Чауш, Маја Кировска, Марија Сотировска и Росица Лазеска.
На Собранието, по трет пат доделена е наградата „Вангел Коџоман“ која традиционално семејството Коџоман ја доделува и годинава отиде во рацете на Маја Кировска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.