| четврток, 6 декември 2018 |

Нов претседтел на ДЛУМ е Христијан Санев

unnamed

Ликовниот уметник доцент м-р Христијан Санев е нов претседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) кој беше избран во саботата на редовнот Собрание. Потпретседател е  Владимир Темков и со Санев кои воедно се дел од Управниот Одбор, во чиј состав членови се и Дејан Иванов, Тони Чатлески и Петра Јовановска.

За претседател на уметничкиот совет избран е Ибрахим Беди, а останати членови на составот се: Данчо Ордев, Наташа Милованчев, Ангел Димовски-Чауш, Маја Кировска, Марија Сотировска и Росица Лазеска.

На Собранието, по трет пат доделена е наградата „Вангел Коџоман“ која традиционално семејството Коџоман ја доделува и годинава отиде во рацете на Маја Кировска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top