Лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќе мора да се врати во Хаг, соопшти Хашкиот трибунал.
Советот за жалби наложи повлекување на одлуката за привремено пуштање на Шешељ на слобода и негово враќање во притворската единица на Трибуналот.
Потоа Србија и Холандија повторно ќе се изјаснат за неговото пуштање на слобода, а Советот за претрес потоа повторно ќе ја процени можноста на Шешељ да му биде дозволено привремено ослободување.
Шешељ е пуштен на слобода со гаранции на српската влада, иако тој „ги одби“.
Како што претходно беше објавено, неговото привремено пуштање на слобода би подразбирало домашен притвор, полициска придружба за време на движењето од медицински причини, забрана за комуникација со жртвите во врска со неговиот случај, забрана за јавно разгледување на неговиот случај, а се споменуваше и забрана за учество во политичкиот живот, како и за одземање на пасошот.
Сепак, Шешељ активно учествуваше во политичкиот живот на Србија, држеше говори на митинзите и учествуваше во акции на СРП, но од ослобдувањето не зборуваше за работи кои би можеле да бидат поврзани со хашкото обвинение против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.