Земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Папуа Нова Гвинеја, а набрзо потоа е дадено предупредување за цунами, соопшти Американскиот геолошки завод. Епицентарот на земјотресот е забележан во близина на градот Рабаул, кој во 1994 година е уништен во силна ерупција на вулканот Тавурвура.
Пацифичкиот центар за предупредување од цунами на Хаваи соопшти дека се можни опасни бранови на 1.000 километри од епицентарот на земјотресот долж брегот на Папуа Нова Гвинеја и Саломонските Острови.
Висината на брановите може да изнесува од еден до три метри над нормалната височина на плимата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.