Грчкиот министер за реконструкција на производството, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис ќе разговара во Москва со руски претставници за сорабоката меѓу Грција и Русија во сферата на енергетиката, соопшти прес-службата на Министерството за енергетика.
Лафазанис заминува денеска во посета на Москва на покана на рускиот министер за енергетика Александар Новак.
Тој утре ќе разговара со Новак за енергетски прашања со акцент на врските меѓу двете земји во сферата на енергетиката.
Лафазанис во Москва ќе се сретне и со претседателот на Газпром, Алексеј Милер, со претставници на Државната дума и на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.