Чинот на Андреас Лубиц откри горка иронија – легитимниот страв од потенцијален терористички напад по се изгледа ја овозможи оваа трагедија. Вашингтон пост објави текст во кој трагедијата на Алпите директно ја поврзува со мерките за обезбедување воведени по терористичкиот напад од 11 септември 2001 година во САД.
Според Брис Робен, францускиот државен обвинител, копилотот Лубиц не сакал да го пушти во кабината пилотот Патрик С. откако се враќал од тоалет.
– Вратите дополнително се засилени по меѓународни стандарди, рече Робен во четвртокот. Во ерата по 11 септември вратите на пилотските кабини се правени да бидат непробојни. Причината е да се оневозможат терористите да упаднат внатре и да ја преземат контролата над леталото што е логична мерка на претпазливост која веројатно спасила многу животи.
Терористите и понатаму би можеле да прокриумчарат експолозив на комерцијален лет, но знаат дека упадот во пилотксата кабина и соборување на авион на тој начин е невозможно.
Тоа има ефект само ако никој не може да отвори врата под било кои околности – ниту аптници ниту стјуарди, дури ни капетанот. Така авионот на Џерманвингс бил безбеден од терористи се додека копилотот во кој имале доверба не направил нешто што според новинарите на Вашингтон пост е гротескен терористички чин.
Официјалните лица кои ја водат истрагата сепак одбиваат да го употребат зборот тероризам.
– Нема причина за сомневање дека станува збор за терористички напад, рекол Робен повторувајќи го ставот на канцеларката Ангела Меркел и други политичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.