Во просториите на ФИНКИ при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје денеска во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Агенцијата за млади и спорт беше отворен Државниот натпревар по информатика за ученици од основни и средни училишта во Македонија.
На отворањето свое излагање имаа претседателот на ЗИМ Миле Јованов, генералниот менаџер на СЕМОС Валентина Тасева, продеканот на ФИНКИ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
– Овој проект е дел од напорите на Агенцијата за млади и спорт за поттикнување и охрабрување на младите луѓе да го покажат и развиваат својот талент, но истовремено и можност да ги стимулираме младите средношколци за продолжување на своето образование на техничките науки – потенцираше Спасески.
Најдобрите млади програмери, од страна на ФИНКИ, ќе добијат стипендии за бесплатно студирање на факултетот, а од страна на Агенцијата за млади и спорт ќе им бидат доделени награди во техничка опрема која ќе им помогне во нивната натамошна професионална надградба.
Дополнителен мотив е учеството на најдобрите на Македонската олимпијада, која, пак, ќе го трасира патот до Светската олимпијада во Киргистан најавена за јули годинава.
Натпреварот е организиран во рамки на проектот „Најдобар млад програмер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз



