| четврток, 6 декември 2018 |

Копилотот на урнатиот авион сакал сите да го запаметат

Поранешната девојка на копилотот на германската воздухопловна компанија „Germanwings“, 28-годишниот Андреас Лубитц, кој е осомничен дека намерно го предизвикал падот „Airbus A320“ во француските Алпи, во интервјуто објавено во саботата во списанието Bild, вели дека ѝ рекол дека сака да влезе во историјата, „да го промени системот“ што ќе му осигури еден ден „сите да дознаат за него“.

Во интервјуто, 26-годишната стјуардеса Марија В., вели дека кога слушнала за падот на авионот, „се присетила“ на една реченица на Андреас Лубитц. „Еден ден ќе сторам нешто што ќе го промени целиот систем и сите ќе знаат за мене и ќе ме паметат“. Таа е убедена дека тој планирал да направи некој „спектакуларен гест“, кој ќе остана запаметен. „Тогаш тоа ништо не ми значеше, меѓутоа сега значи“, вели Марија.

kopilotСпоред неа, Лубитц бил мистериозна личност која ги криела своите тајни, а честопати се будел среде ноќ врескајќи „Паѓаме!“. „Кога слушнав за падот, во главата повторно и повторно му се вртеше ‘записот’ на тоа што го зборуваше“, вели девојката.

Според медиуми, кусо пред падот двојката ја прекинала врската, а потоа копилотот се обидел повторно да се доближи до девојката, купувајќи ѝ автомобили.

„Тоа (уривањето –з.р) го стори, бидејќи сфати дека поради здравствените проблеми неговиот сон за вработување во Lufthansa како капетан и пилот на долги летови практички е неостварлив“, додава девојката.

Младата жена објаснува дека се раздвоила од Лубитц „бидејќи стануваше сé појасно дека има проблем. Во текот на дискусиите, ќе пламнеше и ќе викаше на мене. Ноќе се будеше и викаше ‘Паѓаме!’, опседнат со кошмари“, додава Марија.

Во петокот истрагата откри дека копилотот сокрил од компанијата дека на денот на кобниот лет требало да биде на боледување. Обвинителот од Диселдорф, Кристоф Кумпа, објави дека упатите за боледување се пронајдени искинати во домот на Лубитц, но и оти засега не пронајдено проштално писмо коешто би открило дека однапред имал смислена намера којашто одведе во смрт вкупно 150 луѓе.

Овие документи ја „поткрепуваат тезата според која момчето ја криел болеста од работодавецот и од работната средина“, додаде обвинителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top