| четврток, 6 декември 2018 |

Иран го обвини Ердоган за поттикнување на регионален конфликт

Flag-of-Iran-256Шефот на иранската дипломатија Мохамад Џавад Зариф денеска го обвини турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за поттикнување на конфликт на Блискиот Исток. Зафир посочи дека во сегашната ситуација сите држави треба да работат во насока на воспоставување на стабилност и спречување на ширењето на нестабилност во регионот.

Ердоган вчера го обвини Иран дека се обидува да завладее над регионот. Тој исто така посочи дека Техеран ги поддржува јеменските бунтовници Хути, и оти тоа е доказ за ирански амбиции.

– Иран се обидува да завладее над регионот. Тоа не вознемирува нас, Саудиска Арабија и земјите од Персискиот Залив, истакна Ердоган на прес-конференција, а подоцна во телевизиско интервју посочи дека во Јемен има ирански сили.

Турскиот министер за надворешни работи работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара може да да им пружи секаква логистичка поддршка, дури и разузнавачка, но не и воена, на земјите кои учествуваат во операцијата во Јемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top