Аргентинскиот фудбалер во дресот на Барселона, Хавиер Маскерано, призна дека во текот на оваа сезона во соблекувалната на Барселона имало несогласувања.
Тој по натпреварот против Реал Мадрид изјави каква е состојбата и атмосферата во тимот, но и во текот на оваа сезона.
– Оваа сезона ја почнавме со пораз од Реал Сосиедад, па потоа заостанувавме зад директниот конкурент за титулата, Реал, четири бода – започна Аргентинецот.
Поранешниот играч на Ливерпул во продолжение се осврна на нарушениот однос меѓу Лионел Меси и Луис Енрике, кој лошо влијаеше врз формата на тимот.
– Работите не изгледаа најдобро. Тимот беше исполнет со сомневања. Сега успеавме да се издигнеме над проблемите и да продолжиме со добрите игри. Сега имаме четири бода предност пред Реал Мадрид. Сепак, мора да останеме со ладни глави. Најдобро е да размислуваме за секој следен натпревар – беше искрен Маскерано.
Барселона е лидер во Примера дивизијата, додека во четврт-финалето од Лигата на шампионите ја очекува двомеч со ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


