| четврток, 6 декември 2018 |

Ване Костуранов: Имам среќа моите слики да се продаваат, ама не може да се живее само од уметност

Ку­ќи­те во овие сли­ки се и лу­ѓе и до­мо­ви. Тие се жи­ве­а­ли­шта на на­ши­те мис­ли, емо­ции, лу­ѓе­то што ги са­ка­ме. Овие ку­ќи има­ат сопс­тве­н жи­во­т. Мно­гу од нив се вљу­бе­ни ед­на во дру­га, не­кои па­ту­ва­ат, а не­кои сто­јат во ти­ши­на и му се оду­ше­ву­ва­ат на зај­ди­сон­це­то, сне­гот. Не­кои по­зи­ра­ат со се­та нив­на сре­ќа. Врз не­кои вр­не. Си­те ние сме се­то тоа, ве­ли Ко­сту­ра­нов за из­лож­ба­та под нас­лов „Ули­ца љу­бов“

Во ли­ков­на­та га­ле­ри­ја на Мла­дин­ски­от кул­ту­рен цен­тар во Скоп­је се из­ло­же­ни де­ла­та на еден од најв­пе­чат­ли­ви­те ма­ке­дон­ски умет­ни­ци во мо­мен­тов, Ва­не Ко­сту­ра­нов, нас­ло­ве­на „Ули­ца љу­бов“. Два­е­се­ти­на де­ла ра­бо­те­ни во тех­ни­ка­та акрил на плат­но пред по­се­ти­те­лот отво­ра­ат пог­лед на ку­ќи и на це­ли ули­ци, кои ник­на­ле на плат­на­та пос­лед­на­ва го­ди­на.

– Ку­ќи­те на Ва­не Ко­сту­ра­нов изг­ле­да­ат при­род­но над­вор од сим­бо­ли­те на гра­дот, над­вор од при­род­ни­те син­џи­ри на ур­ба­на­та за­ко­ни­тост. Во не­го­ви­те жи­во­твор­ни ули­ци, ку­ќи­те се вер­ти­ка­ли на при­сус­тво­то во по­тра­га по свој дом – ве­ли Ни­ко­ла Ма­џи­ров.

Ва­не е ро­ден 1979 го­ди­на во Стру­ми­ца. Актив­но се за­ни­ма­ва со сли­карс­тво пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни. Учес­тву­вал на по­ве­ќе груп­ни из­лож­би, а има ре­а­ли­зи­ра­но и де­вет са­мо­стој­ни. Уште ка­ко де­те по­ве­ќе са­кал да се изра­зу­ва со цр­те­жи и сли­ки, откол­ку со збо­ро­ви. Пос­лед­ни­ве го­ди­ни се за­ни­ма­ва со тех­ни­ка­та акрил на плат­но. Не­го­ви­те цр­те­жи се пол­ни со емо­ции, до­ло­ву­ва­ат мно­гу, но и мно­гу не­шта чу­ва­ат зат­скри­е­но во не­ко­ја дла­бо­ка при­каз­на по­вр­за­на со нив. Тие се исто­вре­ме­но ра­дос­ни и таж­ни. Ги при­ка­жу­ва­ат нај­и­скре­ни­те, нај­на­ив­ни­те емо­ции, но рас­ка­жу­ва­ат и дла­бо­ки при­каз­ни, кои кри­јат та­га. Изг­ле­да­ат ка­ко да се отки­на­ти од дет­ски­те со­ни­шта, ек­стра­хи­ра­ни од фан­та­зи­ја­та на во­зрас­ни­те, ка­ко сце­ни од ми­на­то­то, кои са­ка­ме по­втор­но да ги до­жи­ве­е­ме, и ид­ни ми­го­ви, кои по­не­ко­гаш нè пла­шат, но и по­на­та­му ни е пре­диз­вик да ни се слу­чат.

 

Вто­ра­та из­лож­ба во га­ле­ри­ја­та на МКЦ нас­ло­ве­на „Ули­ца љу­бов“ по­ми­на во пре­крас­на ат­мо­сфе­ра. Са­ла бе­ше пре­тес­на за по­се­ти­те­ли­те, а ре­ак­ци­и­те сѐ уште не стив­ну­ва­ат и по не­кол­ку де­но­ви од отво­ра­ње­то на из­лож­ба­та. Ка­кви се Ва­ши­те впе­ча­то­ци?
Ко­сту­ра­нов: Енер­ги­ја­та и љу­бо­вта што ги до­бив од лу­ѓе­то ве­чер­та на из­лож­ба­та бе­ше на мо­мен­ти не­ре­ал­на, ка­ко да не бе­ше од овој свет. Чув­ству­вам бе­скрај­на бла­го­дар­ност.. ако збо­ру­вам по­ве­ќе мис­лам де­ка ќе го из­вал­кам спо­ме­нот од ве­чер­та.

Vane-Kosturanov-int133-2

Ва­ша­та умет­ност по­се­ти­те­лот нај­че­сто ја гле­да ка­ко по­зи­тив­на, раз­и­гра­на, со уба­ва енер­ги­ја. Ед­но­став­но, се­ко­ја Ва­ша сли­ка има пре­поз­нат­лив пе­чат. Од ка­де ја цр­пи­те инс­пи­ра­ци­ја­та?
Ко­сту­ра­нов: Тоа не е не­што око­лу кое јас се тру­дам или мо­жам да го кон­тро­ли­рам. Со дру­ги збо­ро­ви, до­а­ѓа вре­ме ко­га на­до­а­ѓа­ат во­ди­те и е по­треб­но да исте­чат. Јас сум са­мо ка­на­лот, па­тот што го на­о­ѓа во­да­та за да исте­че на­со­бра­но­то.

 

Сли­ки­те од ре­чи­си си­те Ва­ши пер­и­о­ди се на­ви­дум ед­но­став­ни, со пра­вил­на фор­ма, израз и по­ра­ка, но ка­жу­ва­ат мно­гу. Ко­ја е по­ра­ка­та што ја но­си „Ули­ца љу­бов“?
Ко­сту­ра­нов: Не по­стои уни­вер­зал­на или единс­тве­на ин­тер­пре­та­ци­ја, ве­ро­јат­но без­бед­но е да се ка­же де­ка мо­же да има тол­ку по­ра­ки кол­ку што има лу­ѓе, се­кој мо­же да ги „про­чи­та“ та­ка ка­ко што му збо­ру­ва­ат не­му. Ку­ќи­те во овие сли­ки се и лу­ѓе и до­мо­ви. Тие се жи­ве­а­ли­шта на на­ши­те мис­ли, емо­ции, лу­ѓе­то што ги са­ка­ме. Овие ку­ќи има­ат сопс­тве­ни жи­во­ти. Мно­гу од нив се вљу­бе­ни ед­на во дру­га, не­кои па­ту­ва­ат, а не­кои сто­јат во ти­ши­на и му се оду­ше­ву­ва­ат на зај­ди­сон­це­то, сне­гот. Не­кои по­зи­ра­ат со се­та нив­на сре­ќа. Врз не­кои вр­не. Си­те ние сме се­то тоа.

Vane-Kosturanov-int133-3

Ре­дов­но со­ра­бо­ту­ва­те со „Ли­це в ли­це“. Но­во­го­диш­ни­те че­сти­тки на кои се от­пе­ча­те­ни Ва­ши­те де­ла ве­ќе се пре­поз­нат­ли­ви за мно­гу­ми­на. Ка­ко дој­де до оваа со­ра­бо­тка?
Ко­сту­ра­нов: Со „Ли­це в ли­це“ има­ме не­кол­ку­го­диш­на ус­пеш­на со­ра­бо­тка, ко­ја бе­ше ини­ци­ра­на од нив­на стра­на. Се­ко­гаш ко­га пре­поз­на­вам искре­на и ху­ма­на ини­ци­ја­ти­ва се вклу­чу­вам и се тру­дам да по­мог­нам во тој дел во кој мис­лам де­ка мо­жам да по­мог­нам.

 

Да­ли до­се­га сте из­ло­жу­ва­ле во странс­тво? Ка­ко та­му е при­ме­на Ва­ша­та умет­ност?
Ко­сту­ра­нов: Сум не­мал мож­ност да из­ло­жу­вам во странс­тво. Не мис­лам де­ка јас ди­рект­но тре­ба да се за­ло­жам за тоа да се слу­чи. Оста­вам сли­ки­те са­ми да си го нај­дат па­тот. Се­ка­ко, до­кол­ку има ин­те­рес и до­би­јам по­ка­на да из­ло­жу­вам над­вор од гра­ни­ци­те со за­до­волс­тво би го на­пра­вил тоа.

Vane-Kosturanov-int133-4

Се про­да­ва­ат ли сли­ки­те? Мо­же ли да се жи­вее од умет­но­ста? Ра­бо­ти­те ли не­што дру­го освен што сли­ка­те?
Ко­сту­ра­нов: Да, ја имам таа сре­ќа мо­и­те сли­ки да се про­да­ва­ат. Ама са­мо од умет­ност не е воз­мож­но да се жи­вее. За­тоа по­крај сли­карс­тво­то ра­бо­там и ка­ко гра­фич­ки ди­зај­нер.

 

(Разговараше: Невена Поповска
Текст објавен во 133. број на неделникот „Република“, 20.03.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top