| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши санацијата на мостот на Пчиња во Долно Коњаре

коњаре

Санацијата на мостот во село Долно Коњаре на регионалниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњаре, општина Петровец, која отпочна на почетокот на месецов е завршена и мостот е ставен во функција, информира ЈП за државни патишта.

Мостот беше оштетен минатиот месец од невремето кое ја зафати земјава и од безбедносни причини беше забранет за сообраќај за товарни возила со маса поголема од 7,5 тона, вклучувајќи ги и градските автобуси на ЈСП „Скопје“.

– Од страна на Јавното претпријатие за државни патишта, веднаш по оштетувањето беа преземени конкретни активности за надминување на состојбата, при што двете средишни столбни места кои беа предмет на санација, целосно се санирани и зајакнати. Освен санацијата во долниот дел од мостот околу двете столбни места извршена е регулација на коритото на реката Пчиња- посочуваат од Јавното претпријатие.

Оттаму нагласуваат дека санацијата е завршена за неполн месец од отпочнување на градежните работи, иако според договорот изведувачот имал рок до крајот на април и додаваат дека со тоа е овозможено нормализирање на сообраќајот на мостот и негово повторно ставање во функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top