Цената на нафтата порасна во средата за три отсто поради слабиот курс на доларот, што е последица на војната во Јемен и зголемувањето на шпекулативните пазарења на светскиот пазар и покрај рекордните резерви на САД.
Цената на нафтата на „бенчмарк брент“, која би требало да се испорача во март порасна за 3,17 отсто на 58,27 долари по барел. Цената на американската сурова нафта позната како „вест тексас интермидиат“ или ВТИ порасна за 3,82 отсто на 51,09 долари по барел.
Ескалацијата на војната во Јемен може да претставува ризик за глобалните резерви на нафта, а цената на суровата „Брент нафта“ скокна за шест отсто набрзо по почетокот на воената операција.
– Јемен не е значаен светски произведувач на нафта, но се наоѓа на многу важен, економски и политички дел на Блискиот Исток – рече Рик Спунер, главен стратег во СМС маркетот од Сиднеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.