Актуелниот англиски шампион Манчестер сити ќе чека одговор од првиот човек на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, до 30 април. Сити му достави понуда на Анчелоти за да ја преземе тренерската функција во тимот од „Итихад“.
Италијанецот има важечки договор со Реал Мадрид до 2016 година, но сѐ повеќе се шпекулира дека тој по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти кормилото на кралскиот клуб.
Неговиот опстанок зависи од успешноста на сезоната и освојувањето на титулите во Примера дивизија и во Лигата на шампионите. Тој ја има поддршката од клучните играчи во соблекувалната, но шпанските медиуми наведуваат дека тој ја губи поддршката од приврзаниците на клубот, пред сѐ, поради поразот од Барселона на последното Ел Класико.
Клучните натпревари за Реал Мадрид се во следниот месец кога Реал во четврт-финалето игра против минатогодишниот финалист, градскиот ривал Атлетико, и неколку важни натпревари во шпанското првенство, по што Сити ќе го очекува одговорот.
Во медиумите во Шпанија веќе се шпекулира со можни наследници на Анчелоти. Најсериозно име е Зинедин Зидан, кој му беше помошник на Анчелоти, како и тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, кој преживува тешки денови со „милионерите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Неверојатна статистика: Манчестер Сити со 902 успешни додавања на мечот против Челси
-
Манчестер Сити по победата над Челси на чекор до титулата во Англија
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)