Младиот копилот Андрес Лубиц, најверојатно, минувал низ лична криза во моментот на стравотната авионска несреќа над француските Алпи, јавуваат светските медиуми.
Медиумите пишуваат дека 28-годишниот пилот се борел со емоциите и со депресијата во која паднал по пропаднатата љубовна врска. Се верува дека токму тоа е причината зошто авионот на „Џерман вингс“ на летот од Барселона до Диселдорф се забил во планина, при што загинаа 149 патници и членови на екипажот, пишува британски „Дејли маил“.
Лубиц требало да се жени следната година. Познато е дека имал девојка, но никој од неговите блиски не забележал дека нешто не е во ред со неговата љубовна врска. Новата теорија за причините за несреќата се појави неколку часа откако полицијата објави дека дошла до „значајно откритие“ за време на четиричасовниот претрес на станот на Лубиц, кој го делел со девојката.
Истражителите одбиле да откријат детали за пронајдените докази, но нагласиле дека не се работи за проштално писмо.
– На трага сме да најдеме нешто што би можело да ни објасни што се случило. Најдовме нешто што може да го однесеме на тестирање. Не можеме во овој момент да кажеме за што станува збор, но може да биде многу значајна трага. Се надеваме дека овие докази ќе ни објаснат некои работи – изјавил за „Дејли маил“, Маркус Нисцери, од полицијата во Диселдорф.
Шефот на Лубиц признал дека тој воопшто не требало да лета на тој лет и дека успеал да мине низ безбедносната мрежа за такви случаи. Откриено е и дека Лубиц пател од депресија и од телесна исцрпеност предизвикана од стрес и фрустрација што било пречка за неговата кариера. И покрај сето тоа, тој успеал да ги мине сите психолошки процени и е сметан за способен за летање. Според зборовите на истражителите, единствена абнормална работа кај Либиц било тоа што изгледал премногу нормално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска