Четврток ќе донесе нагол пораст на температурата, но нема да донесе подобрување во однос на временските услови. Според Метеопро повторно се очекува дожд. Истиот наутро ќе биде слаб и повремен, со тоа што позастапен ќе биде во источниот крај. Попадне и приквечер дожд се очекува низ целата земја. Ќе постојат услови, пред се во јужната половина од земјата, за локален поинтензивен развој на облачноста и појава на локален пороен дожд и грмежи.
Долж Повардарие температурата ќе има вредност околу 15°С, додека низ останатите котлини максималната ќе има вредност во дијапазонот од 13°С до 16°С. На повисоките места во западниот крај се очекува максимална до 7°С, а во источниот регион околу 11°С.
Во скопската котлина се облачно и врнежливо време. Дождот ќе биде позастапен во втората половина од денот. Минималната температура ќе има вредност околу 7°С. Максималната температура ќе има вредност околу 16°С.
Подетално на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст