| четврток, 6 декември 2018 |

Температурата расте, дождот останува

дождЧетврток ќе донесе нагол пораст на температурата, но нема да донесе подобрување во однос на временските услови. Според Метеопро повторно се очекува дожд. Истиот наутро ќе биде слаб и повремен, со тоа што позастапен ќе биде во источниот крај. Попадне и приквечер дожд се очекува низ целата земја. Ќе постојат услови, пред се во јужната половина од земјата, за локален поинтензивен развој на облачноста и појава на локален пороен дожд и грмежи.

Долж Повардарие температурата ќе има вредност околу 15°С, додека низ останатите котлини максималната ќе има вредност во дијапазонот од 13°С до 16°С. На повисоките места во западниот крај се очекува максимална до 7°С, а во источниот регион околу 11°С.

Во скопската котлина се облачно и врнежливо време. Дождот ќе биде позастапен во втората половина од денот. Минималната температура ќе има вредност околу 7°С. Максималната температура ќе има вредност околу 16°С.
Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top