САД денес и ги испорачаа на Украина првите 10 оклопни возила од типот хамер според програмата за воена помош за “борба против сепаратистичките сили на истокот на земјата кои ги поддржува Русија“, јави Асосиејтед прес, додека Укринформ наведува дека пратката на аеродромот Бориспољ во Киев ја дочекал украинскиот претседател Петро Порошенко.
Украинската агенција наведува дека при приликата на врачување на Порошенко, тој ја прегледал пратката на високомобилни мултифункционални возила и лично седнал зад воланот во еден од нив, како би го тестирал на аеродромската писта.
Украинскиот претседател најавил дека сите возила по опремувањето ќе бидат упатени “пред се, во високомобилни десантни единици, кои ги завршуваат задачите во зоната на антитерористичките операции.“
– Сакам да им се заблагодарам на нашите партнери – САД, за сестраната поддршка на Украина.Тоа е реална и вистинска потврда на стратешкото партнерство меѓу нашите земји – изјавил Порошенко, заблагодарувајќи му се на Вашингтон на “доследната и цврста позиција во решавањето на конфликтите во басенот Доњецк.
Порошенко им се заблагодари на САД и на тоа што ја сметаат Русија за агресор и за иницијативноста и упорноста кога се во прашање санкциите за Москва, наведува украинската агенција.
Украинскиот претседател најави дека во наредните 45 дена Украина ќе ги добие преостанатите хамери, предвидени со договорот со Вашингтон.
Од кабинетот на Порошенко е најавено дека САД ќе и испорачаат на Украин 230 Хамера, потсетува американската новинска агенција додавајќи дека администрацијата на американскиот претседател Барак Обама најавила пружање на воена помош во износ од 75 милиони долари, но и дека се воздржала од нудење на опрема, и покрај повиците од Конгресот тоа да го направи.
Порошенко кон средината на месецот најави дека украинските извиднички единици најпосле ќе ги добијат британските оклопни транспортери саксон.
Укринформ тогаш потсети и дека САД одлучиле да на Украина и дадат неколку системи на беспилотни летала Гавран (Raven), 30 оклопни повеќенаменски хамера и 200 џипови од истиот тип, вредни околу 75 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина