| четврток, 6 декември 2018 |

Шест викенд грешки кои скапо нѐ чинат

Многу од нас ја поминуваат цел работна недела чекајќи го викендот, но кога саботата и неделата ќе пристигнат не знаеме како да ги искористиме на вистинскиот начин.

Ова се шестте најчести грешки кои треба да ги избегнувате за да го дочекате понеделникот спремни за новата работна недела.

1. Легнување во доцните часови

Дружењето за викендите со пријателите и семејствотро може да ја поремети вашата рутина на спиење која ја практицирате цел недела. Будноста со доцна во ноќта, па долгото спиење следниот ден може да ви донесе само поголемо чувство на умор, а од него тешко може да се вратите во нормалниот распоред на спиење. Феноменот наречен jet lag , експертите го опишуваат како расчекот помеѓу она што нашиот телесен часовник го сака и она што нашиот социјален часовник го сака. Затоа, со цел да искористите што повеќе од викендот, пробајте да го организирате својот распоред така што ќе заминете на спиење како во текот на целата недела.

2. Прејадување

Викендот обично носи повеќе слободно време кое многумина го користат за јадење на повеќе оброци, пиење пијалоци и уживање во десерти. Изземајќи го викендот од планот за здрава исхрана значи саботирање на сопствените напори за отстранување на вишокот калории од менито. Истражувањата покажале дека луѓето кои се на диета во текот на седмицата, сколони се да јадат премногу во текот на викендот, со што го забавуваат метаболизамот и го отежнуваат слабеењето.

3. Останувате „во контакт“

Да, ако вашиот мобилен телефон или лапотот во текот на викендот постојано до вас, тоа може да има низа негативни ефекти, од намалување на продуктивноста и концентрацијата до проблеми со спиењето и повисоко ниво на стрес. Затоа секогаш одредете време во кое ќе бидете недостапни. Пробајте да се одвоите од своите гаџети на еден ден, едно попладне или еден час.

4. Работа од дома

Laura Vanderkam, авторка на книгата „ Што прават успешните луѓе за време на викендот“, смета дека сите мора да ги наполнат своите батерии за време на викендот и тоа што е можно повеќе. Пред да ја преселите својата канцеларија во својот дом и да ја поминете саботата одговорајќи на маилови, знајте дека времето кое ќе го поминете во одморање ќе ја зголеми вашата продуктивност.

5. Исполнување на обврски

Наместо да планирате да исполните листа со голем број задачи за сабота и недела, пробајте да поминете 30 минути секоја вечер и да ги исчистите сите алишта или да ги набавите потребните намирници. Така ќе го ослободите  викендот за попријатни активности. Поминувајќи го викендот исполнет со домашни обврски, веројатно повеќе ќе ве умори отколку што ќе одморите.

6. Нервоза во недела

Неделната депресија можеби е тешко да се избегне кога знаете дека ве чека напорна работна недела пред вас, но можете да престанете да мислите на она што ве чека. Повеќе од четвртина од вработените лица чувствуваат страв и загриженост во недела и велат дека се чувствуваат непријатно. Кога ќе почнете вака да се чувствувате, психолозите советуваат да се движите или да се дружите со пријателите и семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top