Во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светилките еден час, во сабота ќе испрати порака за спас на планетата, а во акцијата ќе се приклучи и Скопје.
Едно часовно исклучување на уличните светилки во Скопје ќе има на улицата „Македонија“, плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност.
Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.
– Во кампањата македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја, вели организаторот на акцијата во Македонија Ѓорги Селков.
Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,… Организатори на акцијата се Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст