| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје ќе ги гаси светилките како дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

132555559

Во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светилките еден час, во сабота ќе испрати порака за спас на планетата, а во акцијата ќе се приклучи и Скопје.

Едно часовно исклучување на уличните светилки во Скопје ќе има на улицата „Македонија“, плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, како и на илуминациите на палатата „Пелистер“, Ристиќевата палата, Камениот мост, Скопската тврдина, мостот „Око“, Мостот на уметноста, Археолошкиот музеј и Музејот на македонската борба за самостојност.

Годинашната кампања се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“. Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

– Во кампањата македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја, вели организаторот на акцијата во Македонија Ѓорги Селков.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,… Организатори на акцијата се Градот Скопје, Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја 60+“, Црвениот крст, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top