| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје – град на бели рози (видео)

Под мотото „Скопје градот на цвеќето - Скопје градот на розата“, по повод Денот на пролетта, кандидатите за градоначалници на скопските општини на повеќе локации засадуваат садници на рози на зелените површини покрај булеварите и на други јавни површини

Розите се враќаат по скопските дрвореди. Скопје ќе стане град на белите рози. Во наредниот период ќе се посадат околу 45 илјади рози.

rozi beli todorovik

На кружниот тек во скопската населба Ѓорче Петров, кај црквата „Св. Петар и Павле“, денеска рози засадија кандидатите за градоначалници Коце Трајановски и Сокол Митровски, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Соња Лепиткова, како и поголем број кандидати за советници за советите на Град Скопје и на Општина Ѓорче Петров.

Целта на иницијативата е белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје, град со модерни луѓе, кои се грижат за еколошката димензија и за општиот амбиент.

– Градот Скопје во изминатиов период континуирано се грижеше за зеленилото. За 4 години засадивме 45 илјади дрвца на зелените површини, а во следниот период планираме да засадиме околку 50 илјади дрвца во Скопје на оние површини што заедно ќе ги одредиме со општините и со грѓаните. Секоја година ќе засадуваме по 1 милион цвеќиња на зеленилото околу булеварите и улиците и конечно ќе покажеме дека Скопје е град на цвеќето и град на розите – истакна Трајановски.

Митровски даде поддршка на овој проект наведувајќи дека денеска, по повод Денот на пролетта, цвеќиња ќе се засадуваат во сите месни заедници и дворовите на јавните институции на територијата на оваа општина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top