На отварањето денеска присуствуваа директорот на АВРМ Влатко Поповски и Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување на град Скопје.
– За сите оние кои што централната единица на Центарот за вработување на град Скопје е далеку и им предизвикува дополнителни трошоци за патување до неа ќе можат тука во непосредна близина да си ги остварат своите права и обврски, да побараат работа, да учествуваат на едукации, да се пријавуваат редовно на месец дена или на шест месеци во зависност од тоа на кој регистар припаѓаат, а на крај сите заедно да успееме што помалку да имаме невработени лица од овие општини – истакна Поповски.
Поповски очекува дека невработените од општина Ѓорче Петров ќе ги искористат овие придобивки на канцеларијата и нејзината близина и на крај ќе се вработат со некоја од активните мерки на АВРМ или со нивно посредување.
Директорот на АВРМ најави дека во текот на наредниот месец ќе се отворат канцеларии во општина Аеродром во близина на трговскиот центар Бисер, веднаш потоа ќе отворат во Ранковце и на есен се очекува канцеларија во Пласница, со тоа четиригодишниот план ќе биде заокружен.
Раководител на Центарот за вработување на град Скопје Алексовска истакна дека со оваа канцеларија доаѓаат поблиску до граѓаните.
-Тука ќе организираме најразлични групи, мотивациски обуки и други видови на обуки и услуги кои ги нудиме како Агенција за сите оние граѓани односно невработени лица кои што гравитираат во општина Ѓорче Петров за да не мора да доаѓаат до Центарот за вработување на град Скопје – истакна Алексовска.
Таа ги повика невработените и компаниите од општина Ѓорче Петров да се пријават во канцеларијата за мерката практиканство наменат за млади лица до 29 години со која што ќе добијат 3 месеци платена практична работа додека компаниите ќе добијат обучен кадар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицаец си ја претепал сопругата во Марино: Се појавил во фирмата каде отишла на интервју и ја нападнал
-
Македонија испишана со големи црвени букви: Канцеларијата на претседателот Иванов веќе не е оштетена и нагрдена
-
АВРМ: Обуки за шминкери, масери, негуватели за стари лица и помошници во книговодство
-
Илјада невработени млади на пракса во приватни компании