Американското списание „Атлантик“ објави статистика за пропаѓање на печатените медиуми. Лани весниците загубиле 16 долари во печатените изданија во однос на еден добиен долар во електронските медиуми. Пред две години односот бил 10 наспроти еден, а за само една година односот се зголемил на 16:1.
Дигиталната револуција останува надвор од фокусот на повеќето печатени медиуми, а тоа се објаснува бидејќи „Њујорк тајмс“ и „Волстрит џурнал“ одлучиле да ја префрлат претплатата на веб-страниците за да го зголемат растот на електронските огласи.
„Атлантик“ објави листа, односно пресек на намалување на огласите во печатените изданија во корист на зголемување на огласите во електронските медиуми. Така од 2003 година до денес приходот од 45 милијарди долари од огласите во печатените светски медиуми се намалил на дури 19 милијарди долари. Во истиот период дигиталните огласи се зголемиле од 1,2 милијарда долари на 3,3 милијарди.
На прашањето кој ги уби весниците, одговорот гласи „огласите“.
Интернет-страниците нудат директни информации за недвижности, автомобили и останата стока и услуги, кои некогаш имале место на специјализираните страници во весниците.
„Атлантик“ во својата анализа додава дека печатените медиуми од 2000 година загубиле повеќе од три четвртини од приходите што доаѓале од малите огласи.
Во текот на 10 години во ваквото огласување загубени се околу 25 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Слабиот одѕив на референдумот во Македонија е удар за Запад, пишуваат германските медиуми
-
Го напишала своето име на Гугл и следел шок: Не можела да поверува на сопствените очи! (галерија +18)
-
Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми: „Направивме компромис со Северна Македонија“
-
Кој го пресече кабелот и ја остави цела земја без интернет?